Реал Мадрид покажува интерес за дефанзивецот на Ајнтрахт Франкфурт, Натаниел Браун, објавија германските медиуми. 22-годишниот лев бек се наоѓа на листата на „кралевите“ за летниот трансфер период.
Скаутите на Реал го следеле Браун во живо на натпреварите против Келн и Аталанта.
Конкретен интерес за германскиот репрезентативец покажува и Барселона, додека Манчестер Јунајтед исто така ја следи ситуацијата со него.
Ајнтрахт ја проценува вредноста на Браун на околу 60 милиони евра, а неговиот договор е до летото 2030 година.
Оваа сезона, Натаниел Браун има 18 настапи во сите натпреварувања, а претходно беше доведен од Нирнберг за само 3 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













