Connect with us

Реал и Атлетико во трка за потписот на Алексис Мекалистер

Мадридските гиганти Реал Мадрид и Атлетико Мадрид покажуваат сериозен интерес за ангажман на играчот од средниот ред на Ливерпул, Алексис Мекалистер. Според аргентинскиот весник „Оле“, „кралскиот клуб“ го гледа аргентинскиот репрезентативец како одлично решение за засилување на тимот, особено доколку Флорентино Перез победи на претстојните претседателски избори.

Истиот извор наведува дека за тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, доведувањето на Мекалистер станало вистинска опсесија. Во редовите на „јорганџиите“ веќе настапуваат неколку негови соиграчи од аргентинската репрезентација, Хуан Мусо, Науел Молина, Нико Гонсалес, Тијаго Алмада, Џулијано Симеоне и Хулијан Алварез, што би можело значително да ја олесни неговата адаптација доколку се пресели на „Метрополитано“.

Но, Реал Мадрид ќе биде агресивен во ангажманот на засилувања ова лето, па се очекува да достави одлична понуда за негова преселба на „Бернабеу“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови