Реал Мадрид уште еднаш потврди дека оваа сезона ќе биде фуриозен во Ла Лига, славејќи убедливо со 1-4 на гостувањето кај Леванте. „Кралскиот клуб“ ја запиша шеста победа во исто толку натпревари, продолжувајќи ја перфектната серија.
Првиот удар го зададе Винисиус Жуниор во 28. минута, кога со брза продорна акција по левата страна и луциден удар ја отвори мрежата на домаќините. Десет минути подоцна, 17-годишниот Франко Мастантуоно постигна историски погодок, својот прв за Реал, удвојувајќи ја предноста и уште еднаш најавувајќи дека е иднината на клубот.
Леванте не се предаде и преку Карл Ета Ејонг во 54. минута успеа да намали на 1-2, внесувајќи малку драма во натпреварот.
Но, Килијан Мбапе експресно ги „прегази“ надежите на домаќините. Во 64. минута прецизно реализираше пенал, а само две минути подоцна со уште еден гол ја заокружи победата на Реал, за конечни 1-4.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













