Connect with us

Реал го купи најдобриот млад играч во Ла Лига за 25 милиони евра

Реал Мадрид реализираше уште едно засилување во летниот преоден рок, откако го ангажираше младиот напаѓач Карлос Еспи од Леванте.

Дваесет и едногодишниот офанзивец, кој минатата сезона беше прогласен за најдобар млад фудбалер во Ла Лига, кариерата ќе ја продолжи на „Сантијаго Бернабеу“. Трансферот беше потврден и од Леванте, додека финансиските услови од личниот договор не се објавени.

Сепак, познато е дека Реал ја активирал откупната клаузула во висина од 25 милиони евра, сума што ќе заврши на сметката на Леванте.

Интересно е што Еспи беше на чекор до преселба во Хал Сити, чиј тренер е Сергеј Јакировиќ. Но, штом пристигнала понудата од Реал Мадрид, младиот напаѓач веднаш ги прекинал преговорите со англискиот клуб и се решил за преселба во шпанската престолнина.

Во изминатата сезона Еспи постигна 11 голови во дресот на Леванте, со што го привлече вниманието на европските гиганти.

Во меѓувреме, шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид продолжува со преговорите и со Винисиус Жуниор за продолжување на договорот. Според информациите, Бразилецот ја одбил првата понуда на клубот, иако таа предвидувала подобри финансиски услови од актуелните.

Останува да се види дали раководството на Реал ќе испрати подобрена понуда или ќе заземе поцврст став во преговорите со една од своите најголеми ѕвезди.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови