Јан Диоманде, фудбалерот кој е една од главните трансфер-цели на Реал Мадрид, денес им се приклучи на подготовките на Лајпциг во Австрија. Напаѓачот изминатите денови не беше со тимот, што предизвика шпекулации дека е пред преселба на „Сантијаго Бернабеу“.
Сепак, спoред „Скај Германија“,, причината за неговото отсуство била здравствен проблем. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска закрепнувал од инфекција, а сега е целосно подготвен да им се приклучи на соиграчите.
Ready for training 💪 pic.twitter.com/eiQ7Nsa2Zg
— RB Leipzig English (@RBLeipzig_EN) August 5, 2026
Во меѓувреме, преговорите меѓу Реал Мадрид и Лајпциг продолжуваат. Последната понуда на шпанскиот гигант изнесува околу 120 милиони евра, додека германскиот клуб бара уште 10 милиони. И покрај разликата во преговорите, се очекува двете страни наскоро да постигнат конечен договор.
Диоманде веќе ги договорил личните услови со Реал Мадрид и, доколку трансферот биде реализиран, ќе потпише договор со „кралскиот клуб“ до 2031 година.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













