Реал Мадрид продолжува да пишува историја во Ла Лига, бидејќи покрај лидерската позиција, „кралскиот клуб“ сега држи и еден интересен европски рекорд. „Кралевите“ се тимот со најмногу досудени пенали во своја корист меѓу сите клубови од топ 5 европски лиги.
Рекордот беше подобрен за време на вчерашната убедлива победа од 4-1 против Реал Сосиедад во натпревар од 24. коло на Ла Лига, каде тимот предводен од Алваро Арбелоа доби два пенали. Двата беа реализирани од Винисиус Жуниор.
Со овие два гола од белата точка, Реал Мадрид сега има вкупно 13 реализирани пенали во Ла Лига оваа сезона. Овој број не само што претставува клупски рекорд, туку е и највисок во топ 5 лигите.
За споредба, германскиот шампион Баерн Минхен е втор во оваа необична листа со 9 досудени пенали, додека тимовите на Мајнц, Брентфорд и Брест имаат по 8.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













