Поливалентниот португалски играч од средниот ред, Витиња, кој годинава со Пари Сен Жермен освои сè што можеше да се освои, би можел во блиска иднина да го засили најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид, особено ако преговорите за продолжување на соработката со Винисиус Жуниор не дадат резултат.
Според зборовите на Ектор Гонзалез во емисијата „El Largero“, ова ќе биде сложена операција од финансиска гледна точка, што мадридскиот великан веќе го почувствува летово. Сепак, играч со профил како Витиња е дефинитивно потребен во тимот на Чаби Алонсо.
Договорот на еден од најдобрите играчи на денешницата со ПСЖ важи до летото 2029 година, што јасно претставува најголема пречка за трансферот во Реал, но важен фактор во целата приказна би можел да биде Винисиус.
Брзоногиот бразилски напаѓач со бурен темперамент сè уште одолговлекува околу својата иднина во Реал, бидејќи двете страни сè уште не постигнале договор за продолжување на неговиот договор кој истекува за година и пол.
Доколку преговорите завршат без резултат, Реал би бил подготвен да го продаде Винисиус веќе следното лето, со што би се ослободиле средства за доведување на Витиња, бидејќи обештетувањето за Бразилецот значително би го олеснило трансферот на Португалецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













