Францускиот репрезентативец Едуардо Камавинга ќе го пропушти стартот на сезоната за Реал Мадрид поради повреда на глуждот, јавува „Л’Екип“. Според шпанските медиуми, Камавинга ги прескокнал последните тренинзи и нема да настапи во последниот пријателски меч на „кралскиот клуб“ против австрискиот Тирол, закажан за вторник.
Реал ја отвора новата сезона во Ла Лига на 19 август со дуел против Осасуна.
Минатата сезона, младиот Французин имаше неколку прекини во настапите поради мускулни проблеми. Поради повреда на адукторите, Камавинга ги пропушти последните девет натпревари во првенството, како и финалниот турнир со Франција во Лигата на нациите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар направи клучен чекор кон титулата, откако Шкендија се сопна и во Кратово. Брера...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Вардар со една рака веќе го држи шампионскиот трофеј откако во 30.коло го победи...
Автор makfudbal













