Connect with us

Реал без Дин Хаусен на гостувањето кај Осасуна

Стоперот на Реал Мадрид, Дин Хаусен, никако не успева да фати континуитет и да поврзе неколку натпревари без повреда.

Тој повторно заработи полесна повреда на мускулот, поради која ќе го пропушти вечерашното гостување кај Осасуна, а под знак прашалник е и неговиот настап на реваншот од плејофот во Лигата на шампионите против Бенфика.

Ова не е првпат Хаусен да замине на кратка пауза поради повреда, веќе четири пати оваа сезона бил на терапии поради мускулни проблеми.

Добрата вест за тренерот Алваро Арбелоа е што Антонио Рудигер целосно се опорави и се врати во составот, па ќе го сочинува стоперскиот тандем заедно со Раул Асенсио.

Од доаѓањето од Борнмут за 62.500.000 евра, Хаусен има одиграно 27 натпревари во сите конкуренции.

Реал Мадрид вечерва гостува кај Осасуна во 18:30 часот, а потоа во среда од 21 часот ја пречекува Бенфика во клучниот европски дуел за пласман во осминафиналето на ЛШ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови