Реал Мадрид размислува да го ангажира Родри од Манчестер Сити, објави весникот „АС“. Мадридскиот гигант е заинтересиран за трансфер на искусен фудбалер со врвна репутација и способност веднаш да се наметне во тимот. Во таа насока, 15-кратниот европски шампион внимателно ја следи ситуацијата со Родри, кој се врати на терените на крајот од минатата сезона, по повредата на коленото поради која беше надвор од игра цели девет месеци.
Договорот на шпанскиот репрезентативец со премиерлигашот истекува летото 2027 година и сè уште не е продолжен. Раководството на „кралскиот клуб“ сака да се увери во физичката подготвеност на 29-годишниот играч по тешката повреда.
Реал Мадрид ќе има финансиска можност да донесе скап фудбалер доколку го продаде Родриго за најмалку 80 милиони евра.
Николо Барела (Интер), Енцо Фернандез (Челси) и Алексис Мекалистер (Ливерпул) се другите имиња кои се на радарот на Реал Мадрид. Сите тие имаат долгорочни договори со своите клубови.
Во последните недели, тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, имал недоразбирања со претседателот Флорентино Перез околу летната трансфер стратегија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија до 16 години ќе одигра два контролни натпревари против Летонија
Евро-фудбал
Сао Паоло му даде отказ на Хернан Креспо













