Connect with us

Раздорот меѓу Аморим и челниците на Јунајтед е сѐ поголем

Напнатоста меѓу Рубен Аморим и фудбалските челници на Манчестер Јунајтед се зголеми во последните недели. „Скај Спортс“ јавува дека португалскиот тренер и раководството на „црвените ѓаволи“ се во „несогласување“ како околу пристапот кон јануарскиот трансфер-пазар, така и околу раководењето со тимот.

Британските медиуми ја нагласуваат разликата во гледиштата меѓу португалскиот тренер, кој инсистира на засилувања со оглед на борбата за квалификации во Лигата на шампионите на УЕФА, и челниците на клубот, кои се повеќе наклонети кон долгорочна стратегија за развој на млади таленти.


Аморим е незадоволен од минималните обиди на раководството да го засили тимот уште во јануари.

Враќањето на Брајан Мбеумо, Амад Дијало и Нусаир Мазрауи од Купот на Африканските нации се гледа од двете страни како можност за подобрување на перформансите на тимот кој има само една победа во последните пет кола.

Се цитираат и несогласувања околу тактичката формација, со оглед на тврдата позиција на Аморим за користење на 3-4-3 како префериран модел.

Сето ова ја потврдува растечка напнатост меѓу Аморим и фудбалската структура на Јунајтед, со посебен акцент на Џејсон Вилкокс, и дури го доведува во прашање долгорочното останување на португалскиот тренер.

Второто разидување било тоа што португалскиот тренер се залагал за ангажман на Оли Воткинс од Астон Вила уште летото, наместо Бењамин Шешко, кој бил желба на раководството, а не се покажа најдобро на стартот на сезоната.

Аморим ги загуби нервите по ремито (1-1) на Манчестер Јунајтед како гостин на Лидс, нагласувајќи дека е ангажиран како „менаџер“, а не како „тренер“.


„Така ќе биде 18 месеци или додека раководството не одлучи да направи промени. Ова беше мојата гледна точка и сакам да завршам така. Нема да се откажам. Ќе ја вршам мојата работа додека не дојде некој друг да ме замени“, изјави Аморим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови