Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер продолжува да блеска во швајцарската елита и повторно беше клучен за својот тим.
Напаѓачот го постигна својот 11. гол во сезоната, придонесувајќи за нов триумф на Тун – овојпат со 2-1 против Луцерн пред домашната публика.
Растодер погоди во 29. минута за водство од 2-0, поставувајќи ја основата за победата на домаќините. Тој го одигра целиот натпревар во врвот на нападот и уште еднаш потврди дека е еден од најважните играчи во составот.
Со овој успех, Тун дополнително се зацврсти на лидерската позиција и со 16 бода предност во однос на Сент Гален е на прагот на шампионската титула.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар и заедно со лидерот Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга Трим Лум)
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар (0-1) во Скопје и ја продолжува...
Автор makfudbal













