Connect with us

Растодер херој на Панатинаикос: Македонскиот напаѓач донесе пласман во следната фаза

Елмин Растодер постигна клучен погодок за Панатинаикос и го запечати пласманот на грчкиот гигант во третото квалификациско коло од Конференциската лига.

​Иако Панатинаикос допутува во Атина со предност од 2-1 од првиот меч во Унгарија, реваншот против Пакс донесе неочекувана драма.

Унгарците водеа со 2-1 и беа на чекор да направат изненадување, кога во 66. минута во игра влезе македонскиот интернационалец. Тој во 85.минута постигна гол за 2-2 и за севкупен резултат 4-3 со кој Панатинаикос се пласира во следната рунда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови