Connect with us

Рашфорд се врати во Манчестер Јунајтед

Маркус Рашфорд се врати во Манчестер Јунајтед речиси две години по неговиот последен натпревар за клубот. 28-годишниот напаѓач е продукт на школата на „црвените ѓаволи“ и има 426 настапи за тимот.

Неговата кариера на „Олд Трафорд“ изгледаше завршена, па играше на позајмица во Астон Вила и Барселона. Каталонците, сепак, одбија да ја активираат опцијата за негов откуп, иако беа задоволни од настапите на фудбалерот.

Рашфорд се појави во тренинг-центарот на Манчестер Јунајтед за да се приклучи на претсезонските подготовки на тимот. Тој доби подолг одмор по настапот на Светското првенство во текот на летото.

Во Карингтон го пречекаа неколку навивачи на тимот, а тој застана да ги поздрави и да се фотографира со нив.

Вчера Мајкл Карик потврди дека Рашфорд ќе учествува во следниот дел од подготовките на тимот. Се очекува менаџерот да му даде можност да се бори за место во составот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови