Трансферот на Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед во Барселона веќе е сигурен, пренесуваат шпанските медиуми. Според „Марка“, договорот ќе биде оформен како едногодишна позајмица со опција за откуп по цена од 30 до 35 милиони евра.
„Мундо Депортиво“ открива дека планот е англискиот фудбалер да ги помине лекарските прегледи во недела и понеделник, а трансферот официјално да биде објавен во вторник. Целта на шпанскиот шампион е Рашфорд да се приклучи на тимот за азиската турнеја, која започнува во четврток.
27-годишниот фудбалер доброволно се откажал од голем дел од својата плата за да го олесни потпишувањето и регистрацијата во Ла Лига. Новата плата на Рашфорд ќе изнесува 5 милиони евра нето.
Во Барселона го гледаат трансферот и како одлична маркетиншка можност, со потенцијал за зголемено присуство и влијание на англискиот пазар. Самоиницијативно, Рашфорд веќе имал телефонски разговор со новиот тренер Ханси Флик, кој му го објаснил проектот на клубот. Дополнително, на „Камп Ноу“ особено го ценат фактот што Рашфорд се согласил да дојде и покрај тоа што нема гаранции дека веднаш ќе биде регистриран во Ла Лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal













