Напаѓачот на Астон Вила, Маркус Рашфорд, најверојатно ќе ги пропушти преостанатите натпревари до крајот на сезоната поради повреда, јавува „Би-би-си“.
Англискиот репрезентативец, кој настапува за Вила како позајмен играч од Манчестер Јунајтед, има истегнување што го спречи да игра на полуфиналето од ФА Купот против Кристал Палас во саботата.
Иако постои можност 27-годишниот фудбалер да се опорави пред крајот на сезоната во Англија, се смета дека нема да ризикува со своето здравје пред претстојните натпревари на англиската репрезентација против Андора и Сенегал.
Во последното коло од Премиер – лигата, Астон Вила ќе се соочи токму со Манчестер Јунајтед, но дури и ако се опорави навреме, Рашфорд нема право да настапи против својот матичен клуб – „црвените ѓаволи“.
Договорот на Рашфорд со Манчестер Јунајтед трае до летото 2028 година, но не се очекува тој повторно да игра за клубот од „Олд Трафорд“ под водство на Рубен Аморим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













