Connect with us

Рашфорд: Единствено што сакам е да останам во Барселона

Напаѓачот на Барселона, Маркус Рашфорд, јасно истакна дека сака да остане во клубот и по завршувањето на неговата тековна позајмица. Англискиот репрезентативец зборуваше за своите впечатоци од првите месеци во каталонската престолнина и ги откри своите цели за иднината.

„Се прилагодувам одлично на клубот и на градот. Од првиот момент почувствував дека сум топло прифатен. Тука сум за да му помогнам на тимот да освојува трофеи. Минатата сезона беше фантастична, но во животот сè се менува брзо, а нашата цел е да го повториме успехот. Целосно сум посветен на тоа. Сè со тренерскиот тим и со соиграчите е прекрасно, немам никакви забелешки“, изјави Рашфорд за каталонското издание „Спорт“.

Запрашан дали главната цел му е да го убеди клубот да ја активира неговата откупна клаузула, пораснатиот во Манчестер Јунајтед одговори без двоумење:

„Секако. Сè што сакам е да останам во Барса. Тоа е крајната цел, но не е единствената причина зошто тренирам напорно и го давам максимумот од себе. Целта е да победуваме. Барса е најголемиот клуб, создаден да освојува трофеи“, заврши Рашфорд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови