Рандал Коло Муани и официјално е нов фудбалер на Јувентус со перманентен трансфер. Италијанскиот гигант го активираше договорот со Пари Сен Жермен и го откупи францускиот напаѓач, кој во изминатиот период настапуваше на позајмица во Торино.
„Старата дама“ за услугите на Коло Муани ќе плати 38 милиони евра фиксно, додека дополнителни 12 милиони евра можат да бидат исплатени преку различни бонуси. Агентот на фудбалерот ќе добие провизија од 3,2 милиони фунти.
Францускиот репрезентативец се обврза на петгодишна соработка со Јувентус, каде што треба да биде една од главните опции во нападот во следните сезони.
„По одличното искуство како позајмен играч на почетокот од 2025 година, Рандал Коло Муани сега и официјално е фудбалер на Јувентус“, се наведува во соопштението на клубот од Торино.
Коло Муани во краткиот период како позајмен играч остави позитивен впечаток, што го убеди Јувентус да инвестира значителна сума за неговиот траен ангажман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













