Connect with us

Раководството на Челси отпатува во Португалија по Енцо Фернандез

Челси прави сѐ за да го комплетира трансферот на светскиот шампион Енцо Фернандез пред затворањето на зимскиот преоден рок. Откако преговорите меѓу лондончани и Бенфика беа „замрзнати“ повеќе од 20 дена, вчера „сините“ ги продолжија разговорите.


Сега тие се веќе во напредна фаза, со помош на влијателниот агент Жорге Мендеш. Од „Стемфорд Бриџ“ неодамна објавија дека ќе ја платат целосната откупна клаузула во договорот на Енцо Фернандез.

Неговата сума е 120 милиони евра. Сумата ќе биде исплатена во целост, без делови од неа во форма на бонуси. Исто така, Челси нема да вклучи свои играчи во понудата.

Единствено што треба да се договорат двата клуба е начинот на кој Англичаните ќе ги платат овие 120 милиони. Бенфика сака веднаш да се плати целата клаузула, но тоа не може да се случи поради притисокот на финансискиот фер-плеј врз Челси. Затоа англискиот клуб сака да ја префрли сумата на неколку рати.

За денеска се закажани нови разговори. Во Португалија треба да пристигне делегација од англискиот клуб, која смета дека по успешно завршување на преговорите ќе се врати во Лондон заедно со Енцо Фернандез.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови