Connect with us

Рајс: Не сакам да го гледам Вест Хем пред испаѓање, но треба да ја завршам работата со Арсенал

Играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс, ќе ги остави настрана сите емоции кога в недела ќе се соочи со својот поранешен клуб Вест Хем, свесен дека победа може да ги доближи „топчиите“ до титулата во Премиер – лигата, но и да го турне неговиот поранешен тим на самиот раб од испаѓање.

На три кола до крајот, тимот на Микел Артета има пет бода предност пред Манчестер Сити, кој има натпревар помалку и може да ја намали разликата на два бода доколку го победи Брентфорд во сабота.

„Вест Хем е клубот што ми даде сè. Без него немаше да бидам тоа што сум денес и искрено верувам во тоа. Таму ми дадоа шанса кога Челси не ми ја даде. Многу луѓе во клубот навистина ме туркаа напред. Имам само убави зборови за овој клуб. Не е убаво да се гледа во каква позиција се наоѓаат во моментов, но тоа е фудбалот и јас имам работа што треба да ја завршам во недела“, изјави Рајс.

Освен што продолжуваат да се борат за титулата во Премиер – лигата, лондончани веќе обезбедија место и во финалето на Лигата на шампионите, откако во полуфиналето го елиминираа Атлетико Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови