Connect with us

Рајо Ваљекано остана без стадион: „Ваљекас“ мора да се реновира, не доби лиценца за Ла Лига

Рајо Ваљекано се соочува со сериозен организациски проблем откако регионалната влада на Мадрид донесе одлука привремено да ја суспендира концесијата за стадионот „Ваљекас“ и да започне итна реконструкција на објектот.

Одлуката беше потврдена од министерот за култура и спорт на Заедницата на Мадрид, Маријано де Пако Серано, кој истакна дека клубот не ги исполнил обврските што ги имал како управител на стадионот.

„Во овој момент клубот не е во состојба да биде носител на јавната концесија. Она што го затекнавме е неприфатливо“, изјави Де Пако.

До ваквиот потег дојде по детална техничка инспекција, при која биле констатирани бројни сериозни недостатоци. Меѓу нив се недостиг на безбедносна документација, проблеми со електричната и противпожарната инсталација, како и несоодветно користење на одредени простории, кои наместо за својата намена биле претворени во складишта за отпад.

„Резултатите од ревизијата се навистина загрижувачки. Одржувањето на стадионот беше директна обврска на клубот, а покрај лошата состојба на објектот, утврдени се и бројни неправилности во однос на прописите и потребните дозволи. Поради тоа донесовме одлука привремено да ја преземеме концесијата за да може да се реализира неопходната реконструкција“, додаде министерот.

Според мадридските власти, состојбата на стадионот претставувала потенцијален ризик за безбедноста на гледачите. Реконструкцијата ќе започне веднаш, а се очекува да трае од два до шест месеци.

Тоа значи дека Рајо Ваљекано ќе мора да пронајде привремен дом за своите натпревари во Ла Лига, сè додека не завршат градежните работи на „Ваљекас“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови