Амир Рахмани (32), дефанзивецот на Наполи и капитен на фудбалската репрезентација на Косово, објави дека се повлекува од националниот тим.
Одлуката ја донел по десет години поминати во репрезентацијата на Косово, од кои седум како капитен.
Рахмани порача дека нема повторно да настапува за националниот тим додека на чело на Фудбалската федерација на Косово (ФФК) е актуелното раководство. Во својата порака тој беше директен:
„По десет години во репрезентацијата, од кои седум како капитен, сакам да ве информирам дека повеќе нема да бидам дел од тимот додека Федерацијата ја водат овие луѓе.“
Репрезентативецот објасни дека неговата одлука е последица на долгогодишното незадоволство од работата на Фудбалската федерација. Според него, играчите со години укажувале на проблемите, но ситуацијата не се менувала.
Според Рахмани, репрезентативците постојано се соочувале со игнорирање на нивните забелешки, додека во националниот тим немало доволно компетентни луѓе кои би ги решавале проблемите.
Дефанзивецот на Наполи посебно истакна дека повеќе од две години бил изложен на координирани напади, и тоа, како што вели, од лица кои требало да ја штитат репрезентацијата и нејзините фудбалери.
Својата порака Рахмани ја заврши со силна порака:
„Еден ден правдата ќе излезе на виделина.“
Тој додаде дека одлуката ја донел со цел да го зачува својот интегритет како човек, капитен и професионален фудбалер.
Во досегашната кариера Рахмани настапуваше за РНК Сплит, Локомотива, Динамо Загреб и Верона, а од 2020 година е член на Наполи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













