Рахим Стерлинг наскоро би можел да стане нов член на Фулам.
Англиските медиуми денес открија дека Стерлинг одбил да се пресели во Вест Хем, и наместо тоа го избрал Фулам, каде што наскоро би можел да им се приклучи на тимот на Марко Силва.
Стерлинг беше исфрлен од плановите на Челси уште летоска, по неуспешната позајмица во Арсенал, но Енцо Мареска повторно го врати на списокот.
Стерлинг сакал да остане во Премиер – лигата, и покрај понудите од Саудиска Арабија, а Вест Хем не бил негов прв избор.
Се очекува Стерлинг да го засили Фулам, што истовремено би значело заминување на Адама Траоре. Интересно, тогаш тој би станал опција за Вест Хем, кој по секоја цена сака да го засили нападот.
Рахим Стерлинг оваа сезона не одиграл ниту еден натпревар за Челси, додека Адама одиграл 12 натпревари во Премиер – лигата, но само како резервист, додека стандардно бил само во Лига Купот, каде одиграл четири натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













