Oваа сезона сè уште не е ни блиску до крајот и многу работи допрва ќе се решаваат, но челниците на Барселона веќе планираат за следната сезона и иднината. Спортскиот директор Деко и челниците на каталонскиот клуб вчера имале состанок со Рафиња.
Рафиња е еден од клучните играчи на Барселона, а темата на состанокот била продолжување на неговиот договор. Состанокот поминал добро и сите индиции укажуваат дека наскоро ќе биде официјализирано потпишувањето на новиот договор со Бразилецот.
Во Барселона се задоволни од неговите одлични настапи и пристапот кон играта, и го гледаат како важен дел од нивниот проект. Рафиња беше играчот кој често ги решаваше клучните натпревари во важни моменти – нешто што клубот многу го цени.
Бразилецот оваа сезона има 51 настап за Барселона во сите натпреварувања, постигна 30 голови и забележа 25 асистенции. Крилниот напаѓач кој му се приклучи на каталонскиот клуб во 2022 година од редовите на Лидс Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













