Connect with us

Рафиња потпишува нов договор со Барселона до 2030 година

Барселона и Рафиња постигнаа договор за продолжување на соработката, а официјалното потпишување на новиот договор е планирано за утре.

Според информациите на „Мундо Депортиво“, бразилскиот репрезентативец ќе стави потпис на договор со важност до 2030 година. Тоа значи дека актуелната соработка, која истекуваше во 2028 година, ќе биде продолжена за дополнителни две сезони.

Остануваат да се завршат уште неколку административни формалности, но во Барселона очекуваат целата документација да биде подготвена во текот на денешниот ден. Свеченото потпишување е закажано за утре наутро во просториите на „Спотифај Камп Ноу“, во присуство на претседателот Жоан Лапорта.

Спортскиот директор Деко уште на 19 септември потврди дека клубот постигнал начелен договор со Бразилецот за продолжување на соработката. Во меѓувреме, правните тимови на двете страни ги подготвија потребните документи, па останува само договорот да добие официјална потврда.

Рафиња во моментов игра во фантастична форма. По двата нови гола против Астон Вила, неговиот ефект сезонава изнесува 19 погодоци и три асистенции на 13 натпревари во сите конкуренции.

Одличните настапи на Бразилецот го воодушевија и тренерот Ханси Флик, кој по последниот натпревар истакна дека неговиот фудбалер има квалитет да се бори за „Златната топка“ во 2027 година.

Со продолжувањето на договорот, Барселона јасно става до знаење дека Рафиња е еден од главните столбови на проектот на клубот и фудбалер на кого сериозно смета во следните години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови