Бразилскиот напаѓач на Барселона, Рафиња, постигнал „дил“ за нов договор со клубот до 2029 година, пишува весникот „Мундо Депортиво“. Неговиот актуелен договор со каталонскиот клуб е до 2027 година, но од клубот сакаат задолжително да го задржат како еден од клучните играчи на тимот.
Според весникот, останува само да се утврди ослободителната клаузула за Бразилецот, но неговите агенти тврдат дека тоа не претставува никаква пречка за постигнување на договорот.
Рафиња ќе биде еден од најплатените фудбалери на Барселона поради неговиот придонес во тимот во периодот откако настапува за каталонскиот гигант.
Бразилецот има неверојатна понуда од и Саудиска Арабија, но секогаш му давал приоритет на проектот на Барселона, бидејќи сака да продолжи да се натпреварува на највисоко ниво.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal













