Connect with us

Рафаел Маркес ќе биде нов селектор на Мексико

Легендарниот одбранбен играч Рафаел Маркес ќе го води националниот тим на Мексико. Сепак, тој ќе ја преземе функцијата по завршувањето на Светското првенство 2026. Во моментов, 47-годишниот поранешен фудбалер на Барселона е асистент на сегашниот селектор Хавиер Агире, кој ќе се повлече по крајот на Светското првенство.


Помошник на Рафа Маркес ќе биде Андрес Гвардадо, кој направи солидна кариера во Шпанија со Бетис, Валенсија и Ла Коруња. 39-годишниот поранешен играч за врска има статус на легенда во Мексико, откако одигра 180 натпревари за националниот тим на својата земја. Дел од стручниот штаб ќе бидат и Алфредо Талавера (тренер на голмани) и Видал Палома (помошник-тренер).


Рафаел Маркес е првиот фудбалер кој го водел својот тим како капитен на пет светски првенства – 2002, 2006, 2010, 2014 и 2018. Има 146 натпревари и 19 гола за Мексико.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови