Connect with us

Рафа Надал ќе биде дел од бордот на директори во фудбалскиот гигант Реал Мадрид

Тениската легенда Рафаел Надал ќе стане дел од раководството на Реал Мадрид. Управниот одбор на клубот, предводен од Флорентино Перез, предложил поранешниот шпански тенисер да биде вклучен во бордот на директори, а неговото именување треба да биде потврдено од претставниците на членовите на клубот на Генералното собрание закажано за 21 ноември.

Надал, кој е почесен член на Реал Мадрид и долгогодишен навивач на клубот, со воодушевување ја прифатил понудата.

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот Флорентино Перез и на Управниот одбор за понудата да станам дел од раководството. Ја прифаќам со огромна возбуда, желба да учам и подготвеност да придонесам со сè што можам“, порача Надал.

Од Реал Мадрид истакнаа дека вклучувањето на шпанската тениска легенда во раководната структура претставува голема чест за клубот. Покрај неговите исклучителни спортски достигнувања, посебно ги нагласија и неговите човечки квалитети.

Надал во кариерата освои 22 гренслем – титули, вкупно 92 индивидуални трофеи, две олимписки злата и пет титули во Дејвис купот со репрезентацијата на Шпанија.

Од мадридскиот клуб ги посочија неговата посветеност, скромност, натпреварувачки дух и почитта кон противниците како вредности кои целосно се поклопуваат со филозофијата на Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови