Шпанскиот стратег Рафаел Бенитез одлучи да ја напушти Кина. Главна причина е пандемијата на коронавирусот, но и одлуката на кинеските клубови да ги намалат вложувањата во фудбалот. Бенитез беше на кормилото на Далиен.
„Коронавирусот значително ги промени нашите животи. Од денеска јас и мојот стручен штаб нема веќе да го водиме Далиен. Се надевам дека ќе продолжи во правилна насока“, изјави Рафа Бенитез.
Најавите се дека Шпанецот ќе се врати во Европа, а веднаш е еден од кандидатите за нов тренер на Рома. Пауло Фонсека е пред отказ, и поради жестоката кавга со капитенот Един Џеко, но и поради односот со целиот тим. Масимилијано Алегри е прв пик, но и Бенитез влегува во конкуренција за да седне на клупата на италијанскиот калчолигаш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Донарума е избран за најдобар светски голман













