Connect with us

Работнички утре ги стартува зимските подготовки, втората фаза во Анталија

Македонскиот прволигаш Работнички утре ќе ги стартува подготовките за вториот дел од сезоната, информира клубот од Дебар Маало. Шефот на стручниот штаб Борче Христов во 13 часот во клупската база ќе ја изврши првата прозивка на „романтичарите“ по што ќе почнат и тренинг активностите.


Првиот дел од подготовките ќе биде реализиран во Скопје, а од 20. јануари тимот ќе замине во турскиот туристички центар Анталија каде ќе се спроведе главната фаза од зимските подготовки. Во план е одигрување и на неколку пријателски натпревари, а враќањето во Македонија е предвидено за 31.јануари.

Првиот пријателски натпревар е закажан за 18.јануари против Македонија Ѓорче Петров.

Работнички во пролетниот дел од сезоната останува без големиот талент Лука Станковски кој реализира трансфер во турскиот прволигаш Газијантеп, а досега доведе едно засилување, искуниот играч за врска Арменд Алими од Шкендија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови