Фудбалскиот клуб Работнички ја информираше јавноста дека спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Ален Тупајиќ. Српскиот стратег го водеше Работнички на трите последни натпревари од есенскиот дел од првенството, во кои тимот забележа порази.
„Би сакал да се заблагодарам на ФК Работнички за дадената можност за соработка. Искажувам благодарност до раководството на клубот, фудбалерите и навивачите. Ова беше кус престој, но дадов сѐ од себе со напорна работа да подобриме дел од работите. Не успеавме да најдеме заеднички јазик за продолжување на соработката, но на Работнички му посакувам многу успех во иднина, со надеж дека ќе успее да ги реализира целите и да обезбеди опстанок во елитата оваа сезона“, изјави Ален Тупајиќ за официјалниот сајт на клубот.
ФК Работнички во наредниот период, до почетокот на зимските подготовки, ќе се насочи кон ангажман на нов шеф на стручниот штаб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бодо/Глимт го тресна Манчестер Сити
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













