Работнички стигна до победа од 2-0 против Арсими во 28.коло од Првата фудбалска лига. Тимот од Дебар Маало продолжува со битката за опстанок.
Во првото полувреме немаше многу возбудувања.
Во 35.минута, Мустафа беше во можност, но Ондоа добро реагираше и ја расчисти опасноста.
Две минути подоцна, Бесир Демири се реши за удар од далечина, но беше за малку непрецизен. Првиот дел заврши без голови.
Работнички дојде во водство во 54.минута. Беше тоа одлична акција во три потези, топката беше уфрлена од левата страна, а реализатор беше Сухељ Мухарем.
Десет минути подоцна, Никола Манојлов имаше одлична можност за удвојување на предноста. Излезе сам пред голманот на Арсими по еден брз противнапад, но не успеа да ја погоди мрежата.
Арсими во финишот тргна по израмнување, имаше неколку возбудувања пред голот на Работнички, но Дитмир Хоџа со погодокот во судиското продолжение го постави конечниот резултат.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер се договори со голманот на Лацио
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













