Работнички оствари важна победа против Брера (3-4) на гости во минатото коло и тоа ги зголеми надежите дека може да се обезбеди опстанок во елитата и следната сезона. Но, тие бодови нема да вредат ништо ако денеска не се надополнат со уште нови три, со триумф над последнопласираниот Шкупи.
По подолг период, Работнички се враќа како домаќин на Арената „Тодор Проески“, а натпреварот со Шкупи е закажан од 12 часот.
„Работнички нема друг избор, едноставно мора да оди на победа на секој натпревар. Веруваме дека ќе успееме да славиме, иако во никој случај не го потценуваме противникот“, порачува офанзивецот Никола Манојлов.
Работнички е единствениот тим кој не успеа да го победи Шкупи во првиот круг од шампионатот, играјќи 1-1 на мечот што се одигра во Струга.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













