Connect with us

Работнички ја совлада Каменица Саса на „генералката“ пред стартот на сезоната

Македонскиот прволигаш Работнички ја совлада Каменица Саса со 3-1 на „генералката“ пред стартот на новиот шампионат. Пријателскиот меч се одигра на стадионот „Борис Трајковски“, а „романтичарите“ беа подобар противник и покажаа дека се подготвени за стартот на првенството.

Марио Станковски го отвори резултатот во 25.минута, а Димитар Тодоровски зголеми на 2-0 по десетина минути од вториот дел. Каменица Саса намали на 2-1 откако Методи Максимов постигна автогол, но Лука Станковски во 70.минута го постави конечниот резултат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови