Силекс и АП Брера запишаа сигурни гостински победи во 16. коло од Првата лига, оставајќи ги Работнички и Шкупи без реални шанси за изненадување.
На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, Силекс доминираше против Работнички и славеше со убедливи 0-3. Тимот од Кратово уште во првиот дел ја реши средбата – Мартин Мирчевски постигна два гола, а Дарко Додев додаде уште еден за високо водство кое домаќините не успеаја да го намалат.
АП Брера исто така беше сигурна на гостувањето во Струга, каде што со 1-3 го совлада Шкупи и ја запиша втората победа во низа. Во првото полувреме АП Брера брзо ја презеде иницијативата и дојде до предност со головите на Емрах Макиќ во 7. минута и Зоран Ивановски во 17. минута. По паузата, гостите го зголемија водството – Миле Тодоров реализираше по брза контра и со прецизен лоб во 51. минута го совлада голманот на Шкупи.
Домаќините успеаја да намалат дури во самата завршница, кога капитенот Ерион Шуку погоди за утешни 1-3.
Есенскиот дел од шампионатот ќе биде комплетиран утре, кога Арсими и Пелистер ќе ги одиграат последните 90 минути од оваа полусезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













