Милан славеше како гостин против Комо со 1-3 во заостанатиот натпревар од 16. коло на Серија А. Со оваа победа, „росонерите“ стигнаа до 43 бода и се приближија на само три поени од лидерот Интер, додека Комо останува шести со 34 бода.
Домаќинот започна одлично и поведе во 10. минута: Батурина центрираше од корнер, а Кемпф со глава од петерецот го отвори резултатот – 1-0.
Милан не дозволи долго задржување на водството на Комо. Во 45. минута, Рабио беше соборен во казнениот простор по додавање од Салемакерс, а Нкунку реализираше пенал за 1-1 и го донесе Милан во игра за пресврт.
Пресвртот го донесе францускиот играч во 55. минута. Рафа Леао продре по левата страна и го пронајде Рабио во шеснаесетникот. Рабио ја прими топката со гради и со прецизен удар со левата нога ја затресе мрежата за 1-2.
Комо се обиде да се врати во игра, но Нико Паз погоди греда во 60. минута, а уште неколку шанси не беа искористени. Финалниот удар го зададе Рабио во 88. минута, постигнувајќи прекрасен гол и ставајќи точка на победата од 1-3.
Французинот беше вистински херој на натпреварот, изнудувајќи пенал и постигнувајќи два гола кои го пресудија мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













