Фудбалерите на Милан остварија минимална, но важна победа на гостувањето кај Верона (0-1) во 33. коло од Серија А.
Избраниците на Масимилијано Алегри не блескаа со играта, но сепак успеаја да дојдат до три значајни бода, прекинувајќи ја негативната серија по двата порази во домашното првенство.
Првото полувреме не донесе многу возбудувања на стадионот Бентегоди. Милан не успеваше да воспостави доминација, додека домаќините, предводени од Паоло Самарко, беа рамноправен противник.
GOLLLLL ADRIEN RABIOT!!! VERONA 0-1 MILANpic.twitter.com/bHyOw24q8v
— Siaran Bola Live (@SiaranBolaLive) April 19, 2026
Клучниот момент се случи во 41. минута, кога „росонерите“ изведоа брза контра. Адриен Рабио одигра со Рафаел Леао, кој му возврати со одлична топка во простор, а Французинот сигурно реализираше за водство и го совлада немоќниот Лоренцо Монтипо.
Верона можеше брзо да израмни, но ударот на Белгали беше одбранет од Мајк Мењан.
Во второто полувреме, домаќините повторно се заканија преку истиот играч, но без успех, а се обидоа и Вермесан. На спротивната страна, погодокот на Габија беше поништен по интервенција од ВАР.
До крајот се играше отворено, со шанси на двете страни – Габија спречи опасен обид на Орбан, додека Нелсон на другата страна го блокираше речиси сигурниот погодок на Салемакерс.
На крајот, Милан со многу напор ја сочува минималната предност и стигна до 66 бода, додека Верона остана закована на дното со 18 бодови, исто колку и Пиза.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













