Connect with us

ПСЖ тргнува по потписот на Мајкл Олисе

Актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен сериозно размислува за ангажман на крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Мајкл Олисе, во текот на летниот преоден рок, пренесува францускиот спортски весник „Л’Екип“.

Според информациите, клубот од Париз е уверен дека може да го убеди францускиот репрезентативец да се пресели на „Паркот на принцовите“. Финансиските услови не би претставувале проблем за ПСЖ, а евентуалното заминување на Брадли Баркола дополнително би го олеснило реализирањето на трансферот.

Олисе зад себе има извонредна сезона во дресот на Баерн. Во текот на сезоната 2025/26 настапи на 52 натпревари во сите конкуренции, постигнувајќи 22 голови и запишувајќи дури 31 асистенција.

Во Бундеслигата одигра 32 натпревари, на кои постигна 15 погодоци и додаде 19 асистенции, потврдувајќи дека е еден од највлијателните офанзивни играчи во Европа.

Договорот на 24-годишниот фудбалер со Баерн е со важност до летото 2029 година, а според проценките на „Трансфермаркт“ неговата пазарна вредност изнесува околу 150 милиони евра. Поради тоа, евентуалниот трансфер би можел да стане еден од најголемите и најскапите во претстојниот преоден рок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови