Connect with us

ПСЖ тргна по јапонскиот чувар на мрежата: Сузуки е блиску до трансфер во Париз

Пари Сен Жермен продолжува активно да работи на засилувањата за новата сезона, а најнова трансферна цел на европскиот шампион е голманот на Парма, Зион Сузуки.

Според последните информации, клубот од Париз е подготвен да ги исполни финансиските барања на Парма и да плати околу 30 милиони евра за 23-годишниот јапонски репрезентативец.

Планот на ПСЖ е по комплетирањето на трансферот веднаш да го испрати Сузуки на едногодишна позајмица во друг клуб, каде што ќе добие поголема минутажа и ќе продолжи да се развива пред да се приклучи на првиот тим.

Сузуки пристигна во Парма во 2024 година и досега запиша 57 настапи во Серија А, додека за репрезентацијата на Јапонија има 28 одиграни натпревари.

И покрај неговото евентуално доаѓање, во ПСЖ нема да има промени кога станува збор за првиот голман. Матвеј Сафонов и натаму ја има довербата на стручниот штаб и ќе остане прв избор меѓу стативите.

Рускиот голман минатата сезона целосно го презеде местото на Џанлуиџи Донарума, по што италијанскиот репрезентативец беше продаден во Манчестер Сити.

Со ангажманот на Сузуки, ПСЖ би инвестирал во иднината на голманската позиција, без притоа да ја менува актуелната хиерархија во тимот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови