Пари Сен Жермен направи пресврт во второто полувреме и славеше со 1-3 на гостувањето кај Стразбур во натпреварот од седмото коло во француската Лига 1.
Домаќините заминаа на пауза со минимална предност, откако Џовани Реина ја затресе мрежата за 1-0. Сепак, избраниците на Луис Енрике во продолжението заиграа многу подобро и со три погодоци стигнаа до нови првенствени бодови.
Отпорот на Стразбур беше скршен во завршницата од натпреварот. Илија Забарњи во 77. минута го израмни резултатот, а само осум минути подоцна Осман Дембеле донесе целосен пресврт и водство за гостите од Париз, откако претходно не реализираше и пенал.
Конечниот резултат го постави Дезире Дуе во третата минута од судиското продолжение, потврдувајќи го триумфот на актуелниот француски шампион.
Со оваа победа, четврта за ПСЖ во досегашниот дел од сезоната, „светците“ се израмнија со Монако на врвот на табелата, но нивниот ривал има натпревар помалку.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













