Connect with us

ПСЖ со двете раце го држи пехарот, ќе слави титула во следното коло

Пари Сен Жермен вечерва практично ја обезбеди шампионската титула во Лига 1. На две кола до крајот, „светците“ имаат шест бодови повеќе од Ланс, но и далеку подобра гол-разлика, па титулата речиси сигурно останува во Париз.

Актуелниот шампион вечерва на „Паркот на принцовите“ го совлада Брест со минимални 1-0.

По пласманот во ново финале на Лига на шампиони, тренерот Луис Енрике реши да ротира дел од составот, а клучниот потег го повлече во 53. минута кога во игра го внесе Дезире Дуе. Токму младиот офанзивец во 82. минута го постигна победничкиот погодок за ПСЖ.

Голема победа вечерва оствари и Лил, кој како гостин го совлада Монако со 0-1 и се искачи на третото место кое директно води во Лигата на шампионите.

Несреќник за домаќините беше капитенот Денис Закарија, кој во 72. минута си постигна автогол.

Лион, пак, си ја искомпликува битката за Лигата на шампионите откако загуби од Тулуз со 2-1 и пред последното коло останува на четвртата позиција.

Во битката за опстанок дополнително се зголеми драмата. Оксер ја победи Ница со 2-1 и ја остави на 18. место, кое води во баражот за опстанок. Двата тима сега имаат по 31 бод, додека Мец и Нант и официјално испаднаа.

Во меѓувреме, Рен обезбеди европски пласман со победата од 2-1 над ФК Париз, додека Олимпик Марсеј е многу блиску до истата цел по триумфот од 0-1 на гости кај Авр.

По елиминацијата од Лига конференции, Стразбур ремизираше 1-1 на гостувањето кај Анже.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови