Connect with us

ПСЖ сака да го размени Икарди за Агуеро

Францускиот гигант Пари Сен Жермен сака да го размени напаѓачот Мауро Икарди со фудбалерот на Барселона, Серхио Агуеро, пренесува „Ел Национал“. Според изворот, една од причините за евентуалниот трансфер е желбата на напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси, да игра во ист тим со Агуеро.


Всушност, Агуеро дојде во Барселона токму за да биде со Меси во ист тим, но се случи неочекуван пресврт откако тој не можеше да биде лиценциран и замина во ПСЖ. Сега, се прават напори Агуеро да дојде во Париз.
Агуеро синоќа дури дебитираше во дресот на Барселона во триумфот (3-1) над Валенсија на „Камп Ноу“. Беше поздравен од фановите и имаше топло добредојде.

Мауро Икарди учествуваше на 11 средби за ПСЖ оваа сезона и постигна три погодоци, но важи за „проблематичен“ фудбалер со својот приватен живот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови