Connect with us

ПСЖ сака да го доведе „кралот“ Антонио Рудигер

Пари Сен Жермен покажува интерес за централниот дефанзивец на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, пренесува „Ел Насионал“.

Европскиот клупски шампион сака да внесе дополнително искуство во срцето на одбраната. Во редовите на парижани веруваат дека токму поранешниот фудбалер на Челси може значително да им помогне на помладите играчи со своето знаење и искуство стекнато низ годините.

Со ПСЖ се поврзуваат и други дефанзивци, меѓу кои е и Ибрахима Конате од Ливерпул. Интересно е што францускиот репрезентативец претходно се споменуваше и како потенцијално засилување за Реал Мадрид.

Сè уште не е јасно каква ќе биде иднината на Конате, чиј актуелен договор со актуелниот шампион на Англија истекува во летото 2026 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови