Connect with us

ПСЖ понуди 90 милиони евра за Педри

Пари Сен Жермен подготвува вистинска трансфер-бомба. Според шпанскиот „Ел Насионал“, европскиот шампион испратил понуда вредна 90 милиони евра до Барселона за еден од нејзините најважни фудбалери, Педри.

Наводно, тренерот Луис Енрике лично го посочил шпанскиот репрезентативец како приоритетно засилување во овој преоден рок и инсистира клубот да направи сè за да го доведе во Париз.

Педри пристигна во Барселона во 2019 година од Лас Палмас за 23 милиони евра, кога имаше само 16 години. Оттогаш се изгради во еден од најдобрите играчи за врска во Европа и стана незаменлив дел од тимот на каталонскиот гигант.

Во дресот на Барселона досега има 245 настапи, постигнато 28 голови и 33 асистенции, а останува да се види дали каталонскиот клуб воопшто ќе размислува за продажба на еден од своите најголеми адути.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови