Connect with us

ПСЖ понуди 60 милиони евра за Аклиуш, Монако ќе ги прифати

Европскиот првак ПСЖ е пред реализација на едно од најважните засилувања во преодниот рок, откако летово остана без Канг-ин Ли и Гонсало Рамош, а многу веројатно ќе го продаде и Бредли Баркола. По пропаѓањето на можноста за трансферот на Јан Диоманде, европскиот шампион не сакаше повторно да ризикува и ги забрза преговорите со Монако за Магнес Аклиуш.

Според француските медиуми, преговорите со Монако се во завршна фаза. По неколкумесечни контакти и договорените лични услови со играчот, ПСЖ конечно ја достигнал сумата што ја бараше клубот од Кнежевството, па официјализацијата на трансферот се очекува во наредните денови.

Монако претходно одби три понуди за крилниот напаѓач. Првата изнесуваше околу 30 милиони евра, потоа следуваше понуда од 35 милиони, а третата беше 45 милиони евра плус дополнителни пет милиони преку бонуси. Сега двете страни наводно се договориле за трансфер вреден околу 60 милиони евра.

Во Монако вешто ја искористиле ситуацијата по пропаднатиот трансфер на Диоманде, знаејќи дека ПСЖ нема да си дозволи да остане и без уште една голема желба, па успеале да ја извлечат максималната сума за фудбалерот чиј договор е со важност до 2028 година.

Аклиуш е производ на академијата на Монако, каде што пристигна како 15-годишник. Досега одигра 139 натпревари за првиот тим, а минатата сезона забележа седум голови и 11 асистенции во сите натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови