Connect with us

ПСЖ подобар од соседот Париз (ВИДЕО)

Францускиот и европски првак, Пари Сен Жермен, забележа важна победа во соседскиот дуел, совладувајќи го новиот член на елитата, тимот на Париз, со 2-1. Со овој триумф, „светците“ заминуваат на пауза од второто место, со само еден бод заостанување зад лидерот Ленс, но се уште остануваат главни фаворити за одбрана на титулата во Лига 1.

Во првото полувреме ПСЖ доминираше и во 45. минута Дезире Дуе го отвори резултатот со прецизен удар, донесувајќи водство за домаќинот. Сепак, Париз не се предаде и само шест минути по почетокот на второто полувреме, во 51. минута, Губелс реализираше пенал и израмни на 1-1, враќајќи надеж за својот тим.

Но, ПСЖ веднаш одговори – само две минути подоцна Осман Дембеле со атрактивен гол го врати водството на „светците“, кое остана непроменето до крајот на мечот. Тимот на Луис Енрике успеа да го контролира резултатот и да ја задржи победата, покрај обидите на Париз за ново израмнување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови