Пари Сен Жермен го победи Арсенал со 0-1 и направи чекор напред кон финалето во Лигата на шампионите. Осман Дембеле беше стрелец уште во четвртата минута, кога успеа да погоди од 16 метри во спротивниот агол.
Со ова ПСЖ обезбеди предност пред реваншот кој ќе се игра во Париз следната среда.
Арсенал се обиде да израмни, меѓутоа не успеа до крајот на дуелот. Погоди Микел Мерино, но голот не беше признат поради офсајд по прегледување на ВАР.
ПСЖ имаше шанси и за зголемување на водството, Гонсало Рамош и Бредли Баркола не реализираа, но сепак, тимот на Луис Емрике може да биде задоволен и со минималниот триумф.
Утревечер се игра второто полуфинале меѓу Барселона и Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери поразени од Шведска













