Connect with us

ПСЖ по голема драма и изведување пенали го освои Суперкупот на Франција

Пари Сен Жермен повторно славеше во пресметката со Марсеј и го освои Суперкупот на Франција, по драматичен финиш и изведување пенали во Кувајт. Регуларниот дел заврши 2-2, а парижани беа поуспешни од белата точка со 4-1.

Тимот на Луис Енрике рано дојде до предност откако Усман Дембеле ја искористи грубата грешка во одбраната на Олимпик и со елегантен лоб го матираше Рули. Иако ПСЖ имаше контрола врз играта, Марсеј не се откажа и постепено го засили притисокот.

Израмнувањето дојде во 76. минута, кога Мејсон Гринвуд беше сигурен од пенал, а драмата дополнително се зголеми во финишот – Вилијан Пачо постигна автогол во 87. минута и го доведе Марсеј на чекор до трофејот.

Сепак, „светците“ покажаа карактер и во последните моменти од судиското продолжение стигнаа до 2-2 преку Гонсало Рамош, кој со прв допир ја реализираше одличната тимска акција.

Во пенал-серијата ПСЖ беше поконцентриран, а по промашувањата на О’Рајли и Траоре, Дезире Дуе го донесе 14. Суперкуп трофеј во витрините на парискиот клуб и четврти по ред.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови