Европскиот првак Пари Сен Жермен ја додаде и Интерконтиненталната титула на ФИФА. По пенали, францускиот клуб славеше против бразилскиот Фламенго со 2-1, откако регуларниот дел заврши 1-1, а во продолженијата немаше значајни возбудувања.
Бразилците промашија дури четири пенали – Саул Нигез, Педро, Лео Переира и Луис Араухо не беа прецизни, па ПСЖ го освои трофејот и покрај тоа што и Дембеле и Баркола промашија удар од 11 метри. Сепак, Витиња и Нуно Мендеш беа успешни, додека единствениот реализиран пенал за Фламенго беше од Николас де ла Круз.
Во регуларниот тек на натпреварот, ПСЖ поведе со голот на Хвича Кварацхелија во 38. минута, а Жоржињо израмни од пенал во 62. минута.
Со овој триумф, ПСЖ ги обедини европската и светската титула во меѓународниот клупски фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно













