Централниот дефанзивец на Баерн Минхен, Ким Мин-Јае, би можел да ја напушти „Алијанц Арена“ веќе ова лето, откако за неговите услуги сериозен интерес покажаа три европски и азиски гиганти: Пари Сен Жермен, Милан и Ал-Наср.
Според информациите на реномираниот германски весник „Билд“, спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос, одамна го следи корејскиот репрезентативец и би сакал да го доведе на „Паркот на принцовите“.
Интерес не недостига ниту од Саудиска Арабија, каде што Ал-Наср го гледа Ким како идеален партнер во одбраната, додека Милан го вклучи во листата на потенцијални засилувања за новата сезона.
Баерн Минхен е подготвен да се раздели со 28-годишниот дефанзивец, но само доколку пристигне понуда од најмалку 50 милиони евра.
Ким имаше променлива сезона и сè почесто остануваше на клупата, а новото засилување Џонатан Тах и Дајот Упамекано се очекува да бидат прв избор во одбраната на тренерот Венсан Компани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар се „лизна“ во Битола и освои само бод, а тоа го искористи Шкендија...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Мигел Пиреш (Силекс)
Силекс имаше доминантно издание во Кавадарци совладувајќи го Тиквеш на гости со 0-3. Тимот...
Автор makfudbal













